|
Прес Конференциja 03.02.2012 |
|

ВМРО – ДПМНЕ остварува. ВМРО – ДПМНЕ продолжува со спроведување на проектите за водоснабдување и одведување на отпдни води на територија на Општина Велес. После 54-та Седница на Советот на Општина Велес на која беа донесени одлуки за почеток на реализација на 10 проекти од оваа област и на наредната, 55-та Седница, на Дневен ред ќе се најдат уште 4 проекти.
На последната Седница се одлучи за проекти како во градот така и во руралните средини.
Со овие проекти ќе се овозможи, индустриски развој, развој на туризмот, рурален развој но и подобрување на квалитетот на живот на околу 15 000 жители на Општината.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Прес Конференциja 01.02.2012 |
СДСМ одбив а да понесе одговорност за сопствените постапки. СДСМ одбива да се извини на граѓаните на Велес за манипулацијата и стравот кој го предизвика кај нив, со цел да изнудат потпис на својата петиција против промена на имињата на улиците. Со ова станува јасно, дека советниците од редовите на СДСМ, свесно ги злоупотребија потписите на граѓаните за свои дневно политички цели. Очигледно дека блокадата на процесите во Советот, за СДСМ, е поважна од граѓаните на Велес.
|
|
Повеќе...
|
|
Реакција на координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата од 31.01.2012 на СДСМ |
|
Обвинувањата искажани од советничката Стојанова Богоевска на вчерашната прес-конференција се целосно невистинити.
Одговорно стојам зад сите мои изјави во советот .
Никогаш ниту сум навредил , ниту ќе навредам некого за неговите национални чуства. Но, секогаш кога колегите од СДСМ ќе се обидат да ја претстават Македонија како најмизерно место на светот ќе реагирам дека тоа е само нивно лично чуство.
Со почит,
Александар Колев
Координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ |
|
Прес Конференциja 30.01.2012 |
|
На 48та седница на Советот на Општина Велес, одржана на 31.10.2011 се донесе одлука за промена на имињата на 17 улици во градот. Со оваа одлука конечно се заврши постапката за преименување на улиците со идеолошки имиња од комунистичкото уредување, започната уште кон средината на деведесетите години со промената на имињата на Титоградска, Титово Ужичка и сл.
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|